Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Кочани

По повод Меѓународниот ден на Ромите-8 Април, невладините организации „Авена“ и „Светла иднина“ со повеќе активности се вклучија во одбележувањето на празникот.
Здружението на граѓани „Авена“ своите активности ги насочи кон посета на децата од проектот „Инклузија на деца Роми“ во детската градинка „Павлина Велјанова“ и со богата културно-уметничка програма за родителите од ромска и македонска националност.
- Во проектот „Инклузија на деца Роми“ во нашата градинка се вклучени 25 ромски деца од две до 6-годишна возраст. Проектот се реализира десетина години по ред и за него постои голем интерес кај младите родители од ромска националност за посета на нивните деца во градинка, изјави Лидија Ефтимова, директор на градинаката во Кочани.
Центарот за култура „Светла иднина“ својата активност ја насочи со активности во градскиот парк каде на неколку штандови беше презентирана традиционалната ромска храна, носии и занаети.
- Пред очите на посетителите понудивме богата трпеза од наши ромски традиционални јадења, меѓу кои се сарма од лозов лист, зелник со праз, тава ориз со копан, како и традиционалната баклава. Презентиравме и два веќе стари занаети и тоа изработка на јажиња и плетење на корпи од слама, изјави Мустафа Саидов, претседател на Центарот за култура „Светла иднина“ од Кочани.
По повод одбележувањето на празникот ќе биде организиан и турнир во мал фудбал со учество на ученици Роми и Македонци од кочанските основни училишта.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
