Меѓународна конференција за интервентна епидемиологија

Експерти од 25 земји од областа на интервентната епидемиологија од Медитеранскиот и Црноморскиот регион ќе присуствуваат на првата меѓународна конференција на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија), чиј домаќин е Институтот за јавно здравје на Република Македонија, а организатор Институтот за здравје Карлос III, од Шпанија.
MediPIET е основана за да се зголеми здравствената сигурност во Средоземниот регион преку зајакнување на капацитетите за превенција и контрола на заразните болести. Главната цел на програмата е воспоставувањето мрежа на експерти во областа на епидемиологијата, кои меѓусебно ќе ги споделат искуствата и најдобрите практики за мобилизација во случај на меѓугранични епидемии и кризни состојби.
Република Македонија, преку Институтот за Јавно здравје на РМ е избрана како еден од четирите пилот-центри за обука на професионалци од областа на интервентната епидемиологија. Целта на MediPIET е создавање на стручен кадар на доктори од областа на интервентната епидемиологија преку двегодишна тренинг програма, но и тренинг курсеви за континуирана едукација на епидемиолози и доктори.
MediPIET е проект финансиран од Европската унија во рамки на иницијативата на CBRN центри за извонредност, што го го води конзорциумот FIIAPP-ISCIII, со научно раководство на ECDC. Во проектот кој стартуваше во 2012 година се вклучени повеќе од 25 земји од Медитеранскиот регион и дел од земјите од Црноморскиот регион, и ќе трае до 2017 година. MediPIET е дизајниран за да ја подобри безбедноста во здравството во регионот на Медитеранот преку поддршка за градење на капацитети за спречување и контрола на природни или вештачки закани по здравјето предизвикани од заразни болести и други ризици и создавање Програма за одржлива обука на полето на интервентната епидемиологија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
