Меѓународен натпревар во креирање дигитални видео игри

Охрид, 29 јануари 2016 (МИА) - На Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, од денеска до недела, ќе се одржи натпревар во креирање дигитални видео игри, дел од светскиот годишен натпревар на креатори на дигитални видео игри што оваа година симултано ќе се одржува на 518 локации во 78 земји под името „Глобал Гаме Јам“.
Во Македонија, покрај во Охрид натпреварот ќе се одржува уште и во Битола и Скопје.
Настанот во Охрид е организиран како волонтерски потфат од страна на студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, а на истиот ќе се натпреваруваат 40-тина учесници. Најдобрите тројца натпреварувачи ќе бидат поканети да учествуваат во следната натпреварувачка фаза, каде што ќе се натпреваруваат победниците на националните натпревари од европските држави.
Натпреварот ќе почне денеска во 17 часот во амфитеатарот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
