Медведев со порака до Трамп: Побрзајте или Гренланд може да посака да се припои кон Русија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за присоединување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не преземе брзи чекори за обезбедување на арктичкиот остров.
-Трамп треба да побрза. Според непотврдени информации, за неколку дена може да се одржи ненадеен референдум, на кој сите 55.000 жители на Гренланд би можеле да гласаат за присоединување кон Русија, изјави поранешниот руски претседател.
-И тогаш ќе е крај. Нема да има нови ѕвезди на (американското) знаме – додаде Медведев.
Трамп ги обнови напорите САД да преземат контрола врз Гренланд, самоуправна територија на Данска, тврдејќи дека Вашингтон треба да ја поседува за да ја одврати Русија. Американскиот претседател изјави дека географската положба и природните ресурси на Гренланд го прават клучен за националната безбедност на САД, што предизвика остри реакции и од Данска и од гренландските власти.
Иако Русија формално не полага право на Гренланд, Москва одамна ја истакнува стратешката улога на островот за безбедноста во Арктикот, имајќи ја предвид неговата позиција на северноатлантските рути, како и присуството на голема американска воена база и центар за вселенско набљудување.
Кремљ засега не го коментира обновениот притисок на Трамп, но Арктикот го смета за зона на национални и стратешки интереси на Русија и минатата година соопшти дека внимателно ја следи „доста драматичната“ дебата околу Гренланд.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
