Медведев: Русија ќе го потпише договорот за „Турски поток“ по добивањето на новата турска Влада

Русија очекува да го потпише меѓувладиниот договор за изградба на гасоводот „Турски поток“ по составувањето на новата Влада во Турција, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за Словенечката радио и телевизија, пренесе ТАСС.
-Меѓувладиниот договор навистина се уште не е потпишан. Причината за тоа во голема мера се должи на тоа што таму (во Турција) нема влада, појасни рускиот премиер, кој кон крајот на неделата ќе ја посети Словенија.
„Нашите партнери, нашите колеги во Турција треба да ја состават таа нова влада. Тоа не е многу лесна работа, како што покажува досегашното искуство. Ние водиме преговори со нив. Се надеваме дека кога сите политички проблеми кај нив ќе бидат решени (...), ќе можеме конечно да се договориме за сите прашања“, додаде тој.
Медведев, исто така, посочи дека Словенија може да одигра „сосема сериозна улога“ во врска со изградбата на гасоводот. Тој појасни дека повеќе земји веќе пројавиле интерес за проектот, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.
-На Вашите раководители, исто така, би им препорачал повнимателно да го разгледаат овој проект, посочи рускиот премиер во интервјуто за Словенечката радио и телевизија.
Ново на Сител
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
