Мбапе на четири голови од рекордот на Роналдо

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе се обиде до крајот на декември да го урне клупскиот рекорд на Кристијано Роналдо во бројот на постигнати голови во една календарска година.
Францускиот напаѓач постигна 55 голови во дресот на „Кралскиот клуб“ оваа година, четири помалку од клупскиот рекорд од 59 голови што го постави Роналдо во 2013 година.
Со уште пет натпревари до крајот на оваа година, Мбапе би можел да го надмине Роналдо.
Реал сè уште има лигашки натпревари против Селта, Алавес и Севиља, во Лигата на шампионите против Манчестер Сити и еден натпревар во Купот на кралот.
Рекордер по број на голови во една календарска година на клупско и репрезентативно ниво е Лионел Меси, кој постигна 91 голови во 2012 година, во дресот на Барселона и Аргентина.
МИА
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
