Свет
2. April 2024 - 7:54

Маж се забил во капија на седиштето на ФБИ во Атланта, па се обидел да влезе во зградата | ВИДЕО

Од ФБИ за Фокс њуз кажале дека возилото удрило во капијата каде влегуваат вработените непосредно по пладне по локално време, како и дека возачот потоа се обидел насилно да влезе во зградата.

Полицијата го уапсила возачот и тој во моментов е во притвор, а не се пријавени повреди.

Безбедносните сили работат на утврдување на идентитетот на возачот и неговиот можен мотив.