Маж од Кочанско измамен при купување мобилен телефон

Маж од кочанско е олеснет за 4.000 денари при купување мобилен телефон, но наместо да добие апарат добил две заштитни маски за неговиот стар мобилен апарат.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека 46-годишен маж од Кочанско вчера во 19 часот во Полициската станица во Кочани пријавал оти од страна на лице, кое се претставило како И.Т од Гевгелија, бил доведен во заблуда, доколку уплати 4.000 денари на сметка, за возврат по карго ќе му го испрати мобилниот телефон.
Откако пријавителот во банка ја уплатил наведената сума, по карго му бил испратен пакет, но наместо телефон имало предемет со две маски од телефон.
Се работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Полицијата апелира граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.
Претходно жртви беа повозрасни луѓе, кои купуваа огревно дрво од страна на непознати продавачи. Парите им ги даваа на рака, но дрвата не им пристигнуваа во дворовите.
Ново на Сител
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
