Македонија
7. December 2017 - 13:06

Маж (44) нападнат на Кеј, тројца насилници го тепале со тупаници

Вчера во 22.00 часот Ш.С. (43) пријавил дека истиот ден околу 21.45 часот во угостителски објект на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ од страна на три непознати лица бил физички нападнат со повеќе удари со тупаници во пределот на лицето и телото. 
Притоа, тој се здобил со видливи повреди во пределот на главата и скршен заб на горната вилица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.