Масовни тестирања за Ковид-19 во домовите за стари лица во грчката област Атика
Периферијата Атика, што го опфаќа поширокиот регион на Атина и Здружението на лекари од Атина, во соработка со Националната служба за јавно здравје на Грција преку мобилните единици, од денеска започнуваат со масовно тестирање во домовите за стари лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Префектот на Атика, кој воедно е и претседател на лекарското здружение Јоргос Патулис вели дека нивен главен приоритет е заштита на ранливите групи граѓани, особено на оние кои се згрижени во домовите за стари лица.
Во Солун, во изминатиот период веќе беа регистрирани случаи на ширење на коронавирусот во два дома за стари лица, а починаа над 15 лица.
Во Атина, во карантин е еден дом за стари лица, откако болничарка била позитивна на Ковид-19, а во текот на денешниот ден, ќе се тестираат сите згрижени, како и целиот персонал.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
