Масовна тепачка по фудбалски натпревар во Камењане

Тепачка во која учествувале повеќе лица се случила вчера попладне по фудбалскиот натпревар од трета македонска лига меѓу екипите ФК „Камењане“ од Камењане и ФК„Дрита“ од с.Боговиње.
МВР индормира дека по завршување на натпреварот, комесарот на ФК „Камењане“ Х.Ф. и други лица од с.Камењане физички ги нападнале претставникот на ФК „Дрита“ С.М. и шест играчи - А.Р., Ф.Ш., А.Б., Б.А., А.А. и Б.Н..
Комесарот Х.Ф. почнал да му упатува разни пцовки на С.М., по што дошле лицата Б.И. и А.И., при што А.И. во еден момент на С.М. му задал удар со тупаница во пределот на лицето, а во исто време и Х.Ф. го удрил играчот А.Р. со тупаница во задниот дел од главата. Откако влегле во соблекувалната, С.М., А.Р. и останатите фудбалери биле физички нападнати, по што од страна на полициски службеници биле раздвоени и со полициска придружба однесени во полицијата во Камењане каде го пријавиле настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
