Маската задолжителна и во грчкиот Парламент

Со одлука на претседателот на грчкиот Парламент, а по препорака на здравствената парламентарна комисија, од денеска носењето маска е задолжително и за пратениците, министрите и службениците за време на седниците и комисиите во Парламентот што се одржуваат во присуство на над 100 лица.
За време на денешната расправа за нацрт закон од Министерството за финансии, сите пратеници, како и министрите беа со маски, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис неговиот говор го започна токму со оваа одлука, обраќајќи се до претседателот на Парламентот.
-Вашата одлука да наметнете употреба на маска и во Парламентот е медицински правилна и симболично неопходна. Како што знаете, се наоѓаме во фазата на управување со она што некои во Европа може го нарекуваат втор бран на епидемијата. Овде сѐ уште не е појавен, бројот на случаите и понатаму е низок, но сакам уште еднаш, од Парламентот да кажам дека е апсолутно неопходно да се придржуваме до советите на лекарите и да ја носиме маската онаму каде што експертите ни посочија дека употребата на маска е задолжителна, рече Мицотакис.
Во продолжение, коментираше дека иако на почетокот „носењето маска е непријатно“, сепак треба да биде правило до кое мора сите да се придржуваат за да се спречи ширењето на коронавирусот.
-Ние, овде во Парламентот, имаме обврска, први да бидеме добар пример и секако, патем, можеби постои уште нешто позитивно, дека употребата на маска ги ограничува прекинувањата на говорниците и ова може да е добредојдено за општ ред на расправите, додаде грчкиот Премиер.
Како дел од мерките за заштита од коронавирусот, на собраниската говорница во грчкиот Парламент од крајот на април е поставен плексиглас, а по секој говор, службеник од Парламент, кој носи заштитна маска и ракавици, го чисти и дезинфицира.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
