Мароко: Полицијата заплени два милиони таблети „каптагон“
Мароканската полиција соопшти дека запленила повеќе од два милиони таблети „каптагон“, синтетичка дрога од семејството амфетамини.
Акцијата на заплената била изведена во пристаништето Тангер, на северниот брег на Мароко. Дрогата била скриена во товарен контејнер на брод што допловил од Либан, со крајна дестинација држава во западниот дел на Африка.
Запленети се точно два милиони и 18.500 таблети каптагон.
Во Мароко, кој е познат по производство и илегална трговија со производи од канабис, ретки се заплените на амфетамини.
„Каптагон“ стана познат на Блискиот Исток последните неколку години. Тој вид дрога ја користат припадниците на Исламската држава, бидејќи амфетамините како активни психостимуланти ја ублажуваат физичката болка и даваат чувство на бестрашност.
Ново на Сител
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение
