-->
-->
Маркетинг агенциите во паника: Новиот „Like“ на Фејсбук има грешка!
-->

Сите зборуваат за новитетот на Фејсбук, кој самиот Марк Цукерберг го најави како алтернатива за опцијата „Like“.
Многу корисници веќе ги испробаа новите „реакции“, со кои се изразува љубов, восхит, смеа, тага и гнев, но има еден проблем.
Всушност, Фејсбук објави дека секој од новите лајкови ќе се третира на ист начин, и кога станува збор за прикажување на реклами и мислења на корисниците.
Ова би значело, на пример, реакцијата на лутина и љубов ќе се третираат како идентични.
Корисниците очекувале дека овие реакции ќе бидат помалку видливи, но тие повторно се појавуваат.
Промената највеќе влијае на маркетинг огласувачите, бидејќи нема да можат да ги третираат своите огласи според реакциите на корисниците, па затоа на својот „ѕид“ може да ви се појават многу реклами.
Од Фејсбук изјавиле дека тој проблем ќе се реши во брзо време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
