Марија Митева назначена за портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница ја назначи Марија Митева за портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, покрај актуелните Димче Арсовски и Наум Стоилковски.
Марија Митева е магистер по правни науки, отсек деловно право.
На седницата меѓудругото се разгледувала актуелната економска и политичка ситуација, поврзани со актуелните случувања во време на пандемијата при што се изнесоа неколку заклучоци од страна на раководството.
-Економската ситуација во Република Македонија никогаш не била полоша. Економијата и стопанаството трпат на сметка на неспособноста на Владата предводена од СДСМ, при 60.000 граѓани останаа без работа за само неколку месеци, а од друга страна се вработуваат партиски војници на СДСМ и се згрижуваат по институции, се вели во партиското соопштение испратено од опозициската партија.
-Владата на СДСМ е угушена од корупција и криминал, согласно последните случувања со аферите Мафија 1, Мафија 2, запленетата дрога која е поврзувана со СДСМ и Заеви, криминалните тендери на Рашковски, како и криминалот кој се случува во сред пандемија во министерството за здравство, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ и неспособноста на Венко Филипче и Зоран Заев и понатаму е главен проблем на државата, секојдневно одземајќи по десетици и десетици животи на граѓаните. Пандемијата единствено се користи за политички поени и за личен финансиски интерес на власта, како и на луѓе блиски до Филипче и Заев, додаваат од таму.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
