Маричиќ за „Дело“: Прашањето со Бугарија мора да се решава низ призмата на европските вредности
Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за словенечкиот весник „Дело“ посочува на важноста проширувањето на Европската Унија да се одвива по претходно утврдени принципи, реални заслуги и испорачани резултати, но, ја нагласува и потребата Унијата да даде временска рамка и план за проширувањето на земјите од Западен Балкан.
-Ние навистина направивме сѐ и покажавме искрена желба за решавање на отворените прашања, водејќи се од европските вредности. Затоа верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а не на основа “кој е посилен” или пак кој е член на Унијата, а кој не е”, истакна Маричиќ во интервјуто за словенечко „Дело“.
![]()
Маричиќ додаде дека за него прашањето со Бугарија не е само билатерален спор, туку и ситуација за која во иднина Европската Унија треба да дефинира што може држава членка на Унијата да бара од држава кандидат.
-Не сме подготвени за дијалог и веќе разговараме за отворените прашања, но, исто така сме подготвени тие отворени прашања да ги третираме и во текот на преговорите со ЕУ. Но, во никој случај не сме спремни да се откажеме од македонскиот јазик и од нашиот идентитет, вели Маричиќ за „Дело“ и додава дека Владата на Република Македонија покажала дека е составена од прогресивни сили кои навистина веруваат во политиките на ЕУ и нејзините вредности, кои очекувааат Унијата, нејзините институции и земјите членки да дадат свој придонес и заложба за нашата евроинтеграција.
Ново на Сител
-

Лишена од слобода кавадарчанка по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот
-

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
-

Родители на убиениот медицински техничар во Минеаполис тврдат дека администрацијата на Трамп „одвратно лаже“
-

Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
-

Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
-

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел - зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на незгодите
-

Од денеска се ограничува слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија
