Маричиќ во дводневна посета на Брисел
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска и утре ќе биде во официјална посета на Брисел, каде со претставници на Европскиот парламент и на Европската комисија ќе разговара за процесот на европска интеграција на Северна Македонија и актуелните настани во регионот, во пресрет на одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, информира прес-службата на Маричиќ.
Како што се наведува во соопштението, денеска вицепремиерот Маричиќ ќе се сретне со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, а ќе разговара и со Симон Морду, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
За утре е предвиден брифинг на Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), на кој ќе информира за напредокот на земјата во реформите во насока на подготовка на земјата за почеток на преговорите за членство со Европската Унијата, по што ќе следи средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со координаторот на Европската комисија за Северна Македонија, Марк Јорна.
Посетата на Брисел, вицепремиерот Маричиќ ќе ја искористи да се сретне и со Илхан Ќучук, бугарски европратеник и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот Парламент, а ќе ја посети и Партијата на европските социјалисти.
Ново на Сител
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
