Маричиќ: Проактивностa во дијалогот со Бугарија може да даде резултат
Вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, денеска беше дел од партиската делегација на СДСМ, составена од заменик претседателката Сања Лукаревска и генералниот секретар Миле Зечевиќ, која се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска.-Имаме добра основа за дебатирање за отворените прашања со Бугарија. Двете страни имаме добра волја за постигнување резултат. Тоа е доволна причина да веруваме дека проактивноста во дијалогот може да даде успех и договор, кој во суштина ќе значи дека интересите на двете страни се обезбедени и заштитени, стои во статусот на Фејсбук на вицепремиерот Маричиќ.
На состанокот во фокус на разговорот беа односите помеѓу двете земји, процесот на европска интеграција, како и за состојбата во целиот регионот, со акцент на важноста за напредок на нашиот евроинтеграциски процес, кој е важен и за Бугарија поради новиот геополитички момент кој што се случува во Европа.
–Искрени и взаеми мора да се заложбите за добрососедство и пријателство, бидејќи нашите добрососедски односи се во интерес на двете земји но и на целиот регион, вели Маричиќ додавајќи дека пред нив е уште работа, конструктивни разговори за добивање фер, и европско решение, достоинствено за двата народи и за заштита на македонските национални интереси.
Ново на Сител
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
