Маричиќ: Борбата за работничките права е борба за иднината на сите нас
Први мај означува важна пресвртница во развојот на општеството и е симбол на борбата за работничките права и солидарност, која денес е наш поттик на патот кон зајакнување на работничките права, безбедноста на работното место и создавање подобри услови за работа, како и фер и праведен систем на плати, објави на Фејсбук вицепремиерот задолжен за европски прашање Бојан Маричиќ.
- Изминатите години покажавме дека Владата знае да го цени работникот и дека неговиот труд мора да се плати. Презедовме бројни системски мерки насочени кон подобрување на положбата на работниците, со кои го вративме нивното достоинство, рекордно ги зголемуваме платите во сите сектори и го намаливме бројот на невработени, наведува Маричиќ во објавата.
Тој потенцира дека ова е ден кога мораме со посебен пиетет да се сеќаваме и на оние генерации кои напорно и посветено работеа во градењето на нашата земја и кои обезбедија напредок на македонското општество.
- Преку постојан, социјален дијалог, работиме секоја донесена политика да води кон подобрување на животниот стандард, а зголемувањето на платите и пензиите ќе останат еден од нашите клучни приоритети и во иднина. Пред нас е период во кој заедно треба да работиме на европската интеграција која уште повеќе ќе ја подобри социо-економската средина која ќе овозможи нови работни места, особено за младите и ќе го подобри животниот стандард на секој граѓанин, наведува Маричиќ.
Тој истакнува дека обединети околу најважната цел, ќе ја продолжиме борбата за нашиот со децении обележан пат - стабилна и просперитетна Северна Македонија.
- Владата останува сигурен партнер на синдикатите и здруженијата на работниците во борбата за нивните права. Работници и работнички нека е честит Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, додава Маричиќ во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
