Фудбал
10. February 2021 - 10:38

Манчестер Jунајтед го повтори клупскиот рекорд во ФА-купот

Тимот на Манчестер јунајтед синоќа го победи Вест Хем со 1:0 во осминафиналето од ФА-купот. Победникот беше решен по продолженија, откако основните 90 минути завршија 0:0. Единствениот гол го постигна Скот Мектоминај во 97. минута.

Со оваа победа, Манчестер јунајтед го повтори клупскиот рекорд со девет последователни домашни победи во ФА-купот.

Претходно, ваква серија „црвените ѓаволи“ имаа во периодот од 1908 до 1912 година.

Досега пласман во следната фаза од ФА-купот покрај Манчестер јунајтед избори и екипата на Борнмут.