Малта е домаќин на нова рунда на мировни преговори за Украина
Малта денеска и утре е домаќин на нови преговори за Украина, на кои нема да присуствува Русија. Toа е трета таква сесија, на која ќе учествуваат претставници на 50 земји. Состанокот следи по слични состаноци одржани летово во Џеда и во Копенхаген.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека средбата во Малта ќе му даде поддршка за неговиот план од 10 точки за ставање крај на војната што избувна по руската инвазија во февруари 2022 година.
На списокот учесници се и претставници на Турција, Бразил, Индија и Јужна Африка, кои ги задржаа своите врски со Русија.
Мировниот план на Зеленски бара Русија да ги повлече сите свои војници надвор од меѓународно признатите граници на Украина.
Организаторите на настанот се надеваат на усвојување на заедничка декларација откако претходните две средби завршија без таков документ. Меѓу учесниците се САД, ЕУ, Велика Британија и други.
Кина не го потврди своето присуство.
Се очекуваат и претставници од различни земји како Австралија, Бахреин, Чиле, Грузија, Јапонија, Кувајт, Мексико, Катар и Тајланд, некои преку видео врска. Разговорите ќе се фокусираат на пет области – безбедност на храната, нуклеарна безбедност, хуманитарни прашања, обновување на територијалниот интегритет на Украина и енергетска безбедност.
Ново на Сител
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
