Макрон: Потребно е раздвижување на дисфукционалната Еврозона

Францискиот претседател Емануел Mакрон и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Париз претседаваат со заедничката седница на владите на Франција и Германија.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, седницата, чие одржаување се совпадна со посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Франција, има за цел да ја покажаа цврстината на водечката европска двојка.
Според најавите, шефот на француската држава има за цел да го убеди Берлин за потребата од „раздвижување“ на дисфункционалната Еврозона.
Според Макрон, Германија „мора да се движи, како што и Франција треба да се движи“ со реформи.
- Франција мора да ја реформира својата економија за да и даде повеќе сила, рече Maкрон во интервју објавено истовремено во францускиот дневен весник „Уест-Франс“ и германскиот „Функе“.
Тој порача дека Франција започна со реформа на пазарот на труд, но и Берлин од своја страна „треба да го придружи заживувањето на јавните и приватните инвестиции во Европа“, со што двете земји ќе ја преземат „заедничка одговорност“.
- Сакам еврозоната да има поголема доследност и конвергенција. Оние кои беа веќе задолжени станаа уште позадолжени. Тие што беа конкурентни станаа уште поконкурентни. Има добитници. Германија делумно поради тоа што таа знаеше да направи реформи, но Берлин исто така, има корист од придобивките од дисфункционалноста на еврозоната. Оваа ситуација не е здрава, изјави претседателот на Франција, кој се залага за воведување на функцијата министер за финансии на Еврозоната, која би имала сопствен буџет.
И покрај разликите во мислењета, германската канцеларка се чини е подготвена да разговара со Париз, но барем засега не за овие непопуларни теми во германското јавно мислење, кои ги држи далеку од јавноста барем уште три месеци до парламентарни избори во Германија во септември, кои се клучни за нејзината политичка иднина.
Ново на Сител
-

Ајатолахот не сакал неговиот син да го наследи, не го сметал за бистар
-

Симболична инсталација „63 бели столчиња - 63 животи“, визуелен споменик на недовршените соништа на загинатите во пожарот во Кочани
-

Стефан Михајловски со злато во Италија – Македонија со четири златни медали
-

Водата во Скопје безбедна за пиење
-

Трамп: Иран е воено слаб, но „добар“ во ширење лажни информации
-

Почина чичко Драги, човекот кој се грижеше за уличните кучиња од Рекорд
-

Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје
-

Една година по трагедијата во Кочани: Болката не стивнува, животот се дели на „пред и „потоа“
