Макрдаули: „Југохром“ се обврза да постави филтри, наша задача е да ги провериме

Согласно задачите кои ги има добиено во рамки на оперативниот план, компанијата „Југохром“ се обврза да ги постави филтрите. Нашата задача како Министерство за животна средина и просторно планирање е да провериме дали тие се согласно стандардите што се предвидени и тука завршува нашиот дел во овој момент.
Ова денеска го изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, одговарајќи на новинарско прашање.
- Откако ќе добиеме повторна информација од страна на компанијата и ново аплицирање, нашите служби ќе отидат и да го проверат тоа. Владата дава поддршка, но не можам точно да ви кажам колку тоа финансиски го направивме, рече Макрадули.
Министерството за животната средина и просторно планирање е домаќин на третата официјална посета од Европската агенција за животна средина – ЕЕА.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
