-->
-->
Македонските ракометари ги очекуваат противниците за СП
-->

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево ќе ги дознае своите противници за Светското првенство во Франција што ќе се игра од 11 до 29 јануари 2017 година.
Во Париз точно напладне ќе започне ждрепката за ракометниот Мундијал.
Македонската ракометна репрезентација ќе биде извлечена од третиот шешир, во кој се и селекциите на Шведска, Русија и Белорусија, против кои разбирливо не ќе може да игра во првата фаза.
Во останатитре шешири се:
Шeшир 1: Франција, Германија, Катар, Шпанија
Шешир 2: Хрватска, Словенија, Данска, Полска
Шешир 4: Унгарија, Исланд, Египет, Бразил
Шешир 5: Тунис, Бахреин, Јапонија, Чиле
Шешир 6: Ангола, Саудиска Арабија, Аргетина, Норвешка (доби вајл-карта).
Натпреварите од Мундијалот ќе се играат во осум градови и тоа прелиминарните од групите ќе се играат во Париз, Руо, Нант и Мец. Осминафиналните натпревари се планирани во Париз, Лил, Албертвил и Монпелје, каде би се играле и четвртфиналните дуели, а потоа најдобрите се селат во Париз каде ќе се играат полуфиналните и финални мечеви.
Натпреварите од Президент купот, каде ќе играат петто и шесто пласираните селекции од првата групна рунда, ќе играат во Брест.
Ждрпеката за составот на групите ќе се одржи попладнево од 14 часот во Париз, а Светското првенство ќе се игра од 11 до 29 јануари следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
-

Матичен ќе издава боледување до 5 дена, Фондот ќе проверува дали пациентот е дома
-

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба
