Македонски автори застапени во зборникот „Рукописи 40“

Вкупно 69 автори се селектирани на годинашниот конкурс за „Рукописи 40“ - Зборник на поезија и кратки раскази на младите луѓе од поранешна Југославија. Издавач е Младински центар Панчево. Како и последните неколку години, така и годинава поезијата е позастапена од прозата.
Од Македонија избраните автори се Стефан Марковски, Маријана Јанческа, Михајло Свидерски, Ива Дамјановски, Дарко Димески и Биљана Димко.
Останатите избрани автори се: Јернеј Кустерле, Нина Кремжар, Катја Горечан, Сара Фабјан (Словенија); Томислав Аугустинчиќ, Лана Бојаниќ, Антонио Карловиќ, Лука и Стјепан Делиќ, Вигор Вукотиќ, Моника Херцег, Тино Дежелиќ, Денис Ќосиќ, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска). Од Босна и Херцеговина застапени се Емина Осмиќ Хајдаревиќ, Мерима Хандановиќ, Армин Стефановиќ, Енеса Махмин, Никола Микиќ, Никола Рончевиќ, Ѓорѓе Максимовиќ, Урош Бојановиќ, Емина Џелиловиќ, Нермин Делиќ и Младен Топиќ.
Меѓу избраните автори се и Марија Драгниќ, Барбара Делиќ, Јана Радичевиќ, Јована Бојовиќ, Наташа Гудељ (Црна Гора), а од Србија Марија Матиќ, Весна Барзут, Огнен Аксентијевиќ, Дамјан Унчевиќ, Стефан Станојевиќ, Сара Маѓар, Владан Плавшиќ, Сара Спасиќ, Ивана Димитријевиќ, Горан Стамениќ, Снежана Николиќ, Зоран Бар...
Жирито во состав: Јасмина Топиќ (главен уредник), Драган Младеновиќ, Срѓан Гагиќ, Ана Ристовиќ (Словенија) и Звонко Танески (Македонија) ги одбрале авторите во конкуренција од над 1.000 поетски творби и раскази од 395 автори од поранешните југословенски држави.
Промоцијата на 40-то издание на зборникот „Рукописи“ е планирана во рамки на книжевниот фестивал, кој ќе се оддржи од 18 до 21 мај во Белград и Панчево.
Ново на Сител
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
-

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти
