Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027

Македонската машка ракометна селекција на доминантен начин обезбеди место на Светското првенство во 2027 година, кое ќе се игра во Германија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров пред преполната арена „Борис Трајковски“ триумфираа убедливо со 38-23.
Со новото учество, Македонија продолжува со континуитетот на настапи на светските шампионати. Ова ќе биде десетти настап на Мундијалите во историјата, а осми по ред.
Најефикасен во македонскиот состав повторно беше капитенот Филип Кузмановски, кој натпреварот го заврши со 11 погодоци.
Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме, кога Македонија замина на пауза со сигурни 18-11. Во продолжението разликата дополнително растеше, па нашите ракометари брзо стигнаа и до убедливи 24-13, со што сите дилеми околу исходот исчезнаа.
И покрај високата предност, македонските ракометари не го намалија ритамот. Со борбена игра сакаа да им се оддолжат на навивачите за фантастичната поддршка и одличната атмосфера на трибините, кои беа исполнети и покрај тоа што противникот не важеше за атрактивен ривал.
Ждрепката за Светското првенство е закажана за 10 јуни.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
