-->
-->
Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра предквалификации за СП
-->

Македонската кошаркарска репрезентација која не успеа да се пласира на Евробаскет 2017, нема да се пресели во Б дивизијата, туку преку квалификациски турнир ќе се обиде да обезбеди опстанок во А дивизијата, а воедно тоа ќе бидат и предквалификации за СП 2019 година.
Шеснаесетте репрезентации кои не се пласираа на Евробаскет 2017 ќе имаат право да учествуваат во квалификациската рунда што ќе се одржи следното лето.
Квалификациите ќе се одржат во периодот од 2 до 19 август следната година, а осумте најдобри ќе останат во А дивизијата, воедно ќе изборат пласман во квалификациите за СП 2019 година.
Оние кои во предквалификациите ќе се пласираат под 8.место сепак ќе имаат право да играат во квалификациите за ЕП 2021 година.
Репрезентацијата на Македонија заедно со Белорусија, Португалија, Албанија, Луксембург, Естонија, Швајцарија, Кипар, Холандија, Австрија, Данска, Босна и Херцеговина, Шведска, Бугарија, Косово и Словачка, ќе се борат за осумте места кои обезбедуваат учество во квалификациите за Светското првенство 2019.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
