Македонската кикбокс маи таи федерација денеска замина на европското Маитаи ИФМА сениорско јуниорско првенство

Македонската кикбокс маи таи федерација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко денеска заминаа на европското Маитаи ИФМА сениорско јуниорско првенство. Нашата земја ќе ја претстават:
1. Бобан Илиоски -81кг, сениор
2. Еркан Мурат -75к, сениор
3. Миа Тодорова -63.5кг, од 17-23 год.
4. Силвио Мировски -60кг, јуниор 14-15 год.
5. Горјан Ристовски -71кг јуниор 16-17 год.
На првенството учество ќе земат 37 европски земји со повеќе од 1000 натпреварувачи.
Нашите репрезентативци преиодов работеа напорно на тренинзите воедно работејќи на тоа да ја постигнат договорената килажа за целната категорија. Маи таи првенствата се најтешкиот стил на борба од сите боречки спортови каде удари има со раце, нозе, колена, лакти но и маи таи фрлања. Маи таи е спорт кој бара исклучутелна кондиција, моторика и техничка подготвеност на борците за учество на вакви официјални европски и светски аматерски ИФМА првенства каде учество зимаат најспремните борци во светот.


Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
