Македонија со 23 кикбоксери на „ВАКО Балкан опен 2025“ во Тешањ

Македонскиот кикбокс меѓународен караван продолжува со полна пареа.
Од денес до недела македонските кикбокс клубови ќе настапат на европскиот кикбокс куп “ВАКО 19ти Балкан опен 2025” кој ќе се одржи од 24-26.10.2025 во Тешањ, БИХ.
Нашата земја ќе настапи со 23 натпреварувачи во 26 натпреварувачки влезови од 8 македонски кикбокс клубови. Тимовите ќе ги предводи тренерската екипа составена од 9 тренери. На овој традиционален 19ти по ред европски куп учество ќе земат 363 натпреварувачи во 425 влезови од 78 клуб од 12 држави.
“И покрај финансиските потешкотии одиме на нов меѓународен мегдан. Нашите кикбоксери се подготвени и затоа ништо неможе да не спречи во моментов. Трошоците и за овој куп паѓаат повторно на наш грб и повторно без помош од нашето министерство за спорт.
Очекувам добри борби и секако ќе атакуваме на повеќе медали. Им посакувам среќа и успех на сите натпреварувачи и борби без повреди.“ - изјави Дејан Митровски - Урко, претседател на Кикбокс Маитаи ферација на Македонија.
Ново на Сител
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
