Македонија на интернационалниот саем за селски туризам во Крагуевац

Во период кога селскиот, бањскиот, здравствениот и рекреативниот туризам е се поактуелен за луѓето од високоразвиените земји поради конзумирањето природна храна, чист воздух, запознавањето со културното наследство и традицијата, Македонија е одлично позиционирана на мапата за алтернативни типови туризам.
Ова го истакнува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија која го организира учеството на Македонија на интернационалниот саем за селски туризам во Крагуевац, Србија, меѓу останатите излагачи од регионот.
Саемот се одржува осма година и во наредните три дена на посетителите ќе им овозможи одблиску да се запознаат со природните убавини на руралните, селски подрачја во земјите од Балканот, како и да дегустираат традиционална храна и вино.
- Идејата да се учествува на овој саем е да се доближи понудата за нашиот селски туризам до српските граѓани, да им се овозможат информации за полесен пристап до сместувачките капацитети во земјава, информира Агенцијата.
Ново на Сител
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
