-->
-->
Македонија комплетна ќе настапи во Дејвис Купот
-->

Тениската дејвис куп репрезентација на Македонија утре заминува за Созопол, Бугарија каде од 5 до 8.април ќе биде дел од натпреварите од Третата Европска зона од Дејвис купот. Селекторот Дејан Маринковиќ ќе може да смета на сите играчи кои изминативе пет дена тренираа во Скопје: Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Шендрит Деари. Нашиот најдобро рангиран тенисер Јотовски, кој изминативе денови го мачеше повредата на раката сепак ќе патува за Созопол со надеж дека ќе може да прикаже добри игри.
На натпреварите ќе учествуваат 15 репрезентации, кои ќе бидат поделни во две групи.
- Бугарија како домаќин и Република Ирска се најголемите фаворити за првите две места што носат пласман во повисок ранг. Во „вториот ред“ фаворити се Луксембург и Молдавија, а ние со поволен ждреб можеме да се надевам на добар резултат и пред се да ги избегнеме фаворитите Бугарија и Република Ирска, истакна селекторот Маринковиќ.
Распоредот на групите ќе биде познат во вторник, а победниците на групите ќе играат во полуфиналето. Победниците од полуфиналните дуели ќе се пласираат ранг повисоко во Втората Евро-африканска зона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
