Македонија дел од европската кампања „Недела на дигитално вклучување“

Безбедноста на интернет, особено за младите лица со попреченост, и значењето на дигиталните вештини за поттикнување на вработливоста, ќе бидат во фокусот на овогодишните активности во Македонија за одбележување на европската кампања „Недела на дигитално вклучување“ (Get online Week), што се спроведува од денеска до 20-ти овој месец.
Здружението „Отворете ги прозорците“, национален координатор на кампањата, најави одржување работилница за безбедност на интернет во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци, која ќе вклучи млади лица со и без попреченост.
Централен настан во одбележување на кампањата ќе биде конференцијата на тема „ИКТ и вработување: потреба и можности“ која има цел да придонесе за јакнење на свеста за потребата и можните придобивки од користењето на ИКТ како олеснителна вештина за еднакви можности на сите на отворениот пазар на труд.
Од Здружението „Отворете ги прозорците“ ги повикуваат граѓаните да се вклучат во активностите. Идејата е да се поттикнат што поголем број граѓани да дадат поддршка за промоција на можностите што ги нуди интернетот и технологијата.
Секој граѓанин на Македонија ќе може да ја даде својата поддршка преку пополнување на анкетниот прашалник, што ќе биде поставен на веб-страницата на Отворете ги прозорците www.openthewindows.org.
Кампањата „Недела на дигитално вклучување“ се реализира еднаш годишно во повеќе од дваесет земји во Европа и има цел да ги поттикне луѓето да ги користат придобивките од информациско-комуникациската технологија и интернетот.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на настан за програмата Еразмус+ на Економскиот факултет
-

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар во замена за доверливи податоци
-

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт
-

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони
-

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН
-

Камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со блокадите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК
-

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
