Македонец загина, десетици наши туристи повредени, неколку се борат за живот
Еден македонски турист загина, а најмалку 38 се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на градот Текирдаг.
Како што објавуваат турските медиуми, македонски туристички автобус, кој се враќал од Истанбул кон Македонија, се судрил со камион.
Во автобусот имало двајца возачи и 39 патници. Несреќата се случила откако автобусот удрил позади во шлеперот. Причината за несреќата се уште не е позната.
На самото место починал македонски државјанин на возраст од околу 40 години, а повредените се пренесени во болница. Пет од нив се во тешка состојба.
Повредените патници биле префрлени на лекување во најблиската болница во Малкара, а тие што минале со полесни повреди останале на местото на несреќата. Една жена била заробена меѓу седиштата од автобусот кој пак останал заглавен во шлеперот. Таа со тешки повреди на екстремитетите била пренесена во државната болница во Кашан. Според информациите на турските медиуми, жената останала без двете нозе и се наоѓа во животна опасност. Во тешка здравствена состојба биле уште најмалку тројца патници.









Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
