-->
-->
Луксузниот хотел во Дубаи се уште во пламен
-->

Огромната зграда на еден од најлуксузните хотели во Дубаи, во која изби пожар во новогодишната ноќ, утрово се уште е во пламен, повеќе од 12 часа откако се запали.
Властите во Дубаи соопштија дека најмалку 14 луѓе се повредени додека еден човек имал срцев удар по вдишување чад и турканица за време на евакуацијата.
Пожарот во 63-катниот хотел „Адрес даунтаун“ изби синоќа околу 21.30 часот, а пожарникарите денеска воглавно од земја надгледуваат како горат горните катови, бидејќи не можат да допрат до нив со црева со вода од противпожарни возила.
Новата година и покрај пожарот во Дубаи е прославена како што беше планирано - со раскошен огномет од блиската „Бурџ Калифа“, највисока зграда во светот пред која имаше стотина илјади луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
