„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

Руската нафтена групација „Лукоил“ денеска соопшти дека има намера да ги продаде своите меѓународни активи, како резултат на „воведувањето рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници од страна на некои држави“.
Соопштението е објавено на веб-страницата на концернот.

Компанијата дополнува дека веќе е започнато разгледување на понудите од потенцијални купувачи.
Продажбата на имотот се спроведува во согласност со лиценцата за прекин на дејноста, издадена од Канцеларијата за контрола на странскиот имот (ОФАК) при Министерството за финансии на САД. Од „Лукоил“ планираат да поднесат барање за продолжување на лиценцата, доколку тоа е неопходно за да се обезбеди непрекината работа на нејзините меѓународни активи, се додава во соопштението.
САД минатата недела воведоа санкции против двете најголеми руски нафтени компании, „Роснефт“ и „Лукоил“, поради војната во Украина.
МИА
Ново на Сител
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
