Лукашенко: Украина ќе биде срамнета со земја
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко на вчерашниот собир „Ова е нашата историја“ по повод Денот на народното единство изјави дека САД ја турка Европа во вооружен судир со цел да се ослабне Русија и да се уништи Белорусија.
САД ја туркаат Европа во воен конфликт со Русија на територијата на Украина. Тие не ги кријат своите планови. Склучени се договори за наредните години. Целта е да се ослаби Русија и да се уништи Белорусија, истакна Лукашенко.
Тој додаде дека „Украина ќе биде срамнета со земја“.
Колапсот на Украина веќе започна. Полските, летонските и литванските политичари очигледно наивно очекуваат да се пазарат за својата иднина во новата геополитичка реалност, наведе Лукашенко, додавајќи дека тие ја повторуваат грешката од почетокот на 40-тите години од минатиот век.
Се сеќава некој на фашистичката чизма на Германија и на Хитлер? Полското раководство тогаш ползеше повеќе од кој било друг. И до што доведе тоа? На почетокот на септември, за само две недели, Полска престана да постои. Срамота е што нашите соседи не ги научија лекциите од историјата, посочи Лукашенко.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
