Лукашенко се закани со реципрочни мерки како одговор на санкциите

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко се закани со реципрочни мерки како одговор на воведувањето санкции против таа земја поради резултатите од претседателските избори, кои не се признати од опозицијата, но и од ЕУ и САД.
– Јас и наложив на владата да достави предлог сите трговски текови од пристаништата во Литванија да бидат насочени кон другите. Ајде да видиме како тие ќе живеат со тоа, рече Лукашенко.
Министрите за надворешни работи на ЕУ решија да воведат санкции за 20 високи белоруски функционери осомничени за изборни измами и полициска репресија на учесниците во граѓанските протести во Белорусија.
Белорускиот претседател денеска на половина армија и нареди да влезе во состојба на борбена готовност, како одговор на она што тој смета за закана од Западот, јави агенцијата Белта.
Тој истакна дека ставањето половина од армијата во режим на борбена подготвеност „не е евтино“.
Ново на Сител
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
