-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар „оди“ на прва победа над Будуќност
-->

Ракометарките на Вардар во недела во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат европскиот шампион и лидерот на табелата во групата 2 Будуќност. По триумфот во вторникот на гостувањето против Букурешт, „вардарки“ се во серија од две победи, но посакуваат и „скалп“ од европскиот првак.
На денешниот прес тренерот Индира Кастратовиќ истакна:
- Ова е натпревар од големо значење. Одиме на прва победа над Будуќност. Добро работевме и очекувам да ја повториме добрата игра од дуелот со Букурешт. Будуќност игра добра одбрана и ако сакаме победа мораме да ја минеме границата од 22 постигнати гола.
Триумф и продолжување на добрите игри очекува и Сања Дамњановиќ:
- Сакам во недела да играме пред полна сала. Тоа што го одигравме во Подгорица беше само лош ден, лошо издание. Не очекува голема борба. Клучот за победата е да ја „пробиеме“ нивната одбрана, предводена од одличниот голман (Марта Ждериќ), која брани во одлична форма. Многу вложуваме и очекувам два бода.
Во најавата претседателот на клубот Гордана Нацева најави дека ова ќе биде атрактивен натпревар и дека присутните гледачи во недела ќе имаат можност да видат два учесника на „Ф4“ турнирот.
Натпреварот ЖРК Вардар - Будуќност се игра во недела со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Студија: Без поголеми инвестиции за климата, германскиот долг може нагло да порасне
-

САД евакуира дел од несуштинскиот персонал од Саудиска Арабија поради безбедносни ризици
-

Израел нападна командни центри поврзани со иранските безбедносни сили
-

Експлозија оштети синагога во белгискиот град Лиеж
-

Србија го запре извозот на горива до 19 март
-

Водата во Скопје безбедна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП Водовод и канализација
-

Приведена 30-годишна жена по пукање врз луксузната вила на Ријана во Лос Анџелес
-

Г7 свикува итен состанок за нафтата по падот на берзите
