-->
-->
ЛШ - жени: Вардарки почнаа со победа
-->

Ракометарките на европскиот вицепрвак ЖРК Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ја почнаа со победа откако вечерва во првиот натпревар сезонава во ЛШ пред своите навивачи ја совладаа унгарската екипа ФТЦ со 34:31.
Во првиот дел дуелот беше израмнет до резултатот 10:10, а потоа „вардарки“ девет минути не примија гол и направија серија од 8-0 за на полувреме да водат со 34:31.
ЖРК Вардар во второто полувреме во два наврати водеше и со 10 разлика (31:21 и 33:23), но потоа дојде до опуштање и противникот го искористи тоа и го ублажи поразот.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ со по 7 голови, а Александра Лакрабере и Андреа Пенезиќ постигнаа по 6.
Утре во вториот дуел од 1.коло од групата Ц играат Ларвик и Турингер.
ЖРК Вардар во второто коло гостува против Турингер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
