-->
-->
ЛШ: Вардар на гости кај европскиот првак
-->

Ракометарите на Вардар вечерва гостуваат во Полска кај европскиот првак Киелце во 9.коло група Б од Лигата на шампионите. На дуелот во Скопје, Вардар победи со 40:34, па се очекува тежок меч со оглед на желбата на ривалот да се реваншира.
Дефанзивниот играч Илија Абутовиќ смета дека најголема опасност по голот на „црвено-црните“ ќе доаѓа од пивотот Хулен Агинагалде.
- Треба да одиграме одбрана како што одигравме тука во Скопје. Најважно е да го затвориме Хулен Агинагалде, кој правеше најголем проблем на минатиот натпревар. На гости секогаш мора да одиграте посилно отколку дома, зашто таму е потешко. Во Скопје ги спречивме, па сега можеби тие ќе се обидат да подготват некоја промена, некое изненадување, ама и ние се спремаме за нив, вели Абутовиќ.
Слично размисува и Мијајло Марсениќ.
- Агинагалде е најдобар пивот во Европа и создава најмногу проблеми на противниците на Кјелце, така беше и во првиот меч со нас. Но, ова не беше случај со останатите играчи, добро им ги затворавме бековите, па кога би морал да избирам, би го пуштил Агинагалде да постигне 10 гола, а ние да победиме. Мора да играме цврста одбрана и да го користиме секој напад, па се надевам на поволен резултат. Во првиот натпревар игравме егал во првиот дел, а во второто украдовме неколку топки, Арпад бранеше на ниво и тука се одлепивме, се надевам дека тоа ќе повтори, истакнува Марсениќ.
Натпреварот почнува во 18 часот. Евентуална победа за Вардар ќе значи „мирна“ зима големи шанси за освојување на првото место што гарантира директен пласман во осумте најдобри во Европа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
