ЛШ: Сити го пречекува Монако

Манчестер Сити и Монако, односно Баер Леверкузен и Атлтико Мадрид вечерва ќе ги одиграат првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.
Манчестер Сити осминафинале избори како второпласирана екипа во групата во која прва беше Барселона, додека Монако заврши пред Баер и Тотенхем. Во двомечот Сити е фаворит, иако традицијата вели дека Монако никогаш во двомеч не испднал од англиски тим.
„Во оваа фаза во Лигата на шампионите целите се високи и поради тоа во текот на сите 180 минути мораме да ихграме на високо ниво. Само доколку играме така можеме да се надеваме на победа против Монако“, рекол Пеп Гвардиола.
Шпанецот има проблеми со составот подолго време поради повреди ги нема Гундоган и Компани, Гебриел Жесус се повреди минатата недела, а незивесен е настапот на Клиши и Коларов.
Монако е лидер во францускиот шампионат, надмоќно ја освои групата во која беа Баер, Тотенхем и ЦСКА, а она шод што стравува Гвардиола е ефикасноста која ја има тимот на Леонардо Жардим. Монако како лидер во Франција има постигнато 76 голови на 26 натпревари, односно 20 повеќе од првиот конкурент ПСЖ.
Баер во леверкузен ќе го пречека актуелниот европски вицепрвак Атлетико Мадрид. Ќе биде ова реприза од нивниот двомеч, во оваа иста фаза, пред две години. Тогаш во двата натпревари тимовите постигнаа по еден гол, а Атлетико мина во четвртфиналето по подоброто изведување на пенали.
Двата тима не блескаат во домашните шампионати, иако Атлетико стои многу подобро од противникот. Баер е на осмата позиција во Бундеслигата, а Атлетико е на четвртото место во Шпанија и е во серија од три победи во првенството.
Атлетико на овој меч ќе игра без дефанзивците Годин, Хименез и Хуанфран, додека Аугусто Фернандез е повреден подолго време. Настапот на нико гаитан е неизвесен, додека првиот голман Јан Облак се рехабилитираше од повредата, а во клубот пред натпреварот ќе решат дали тој ќе брани на овој меч.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
-

Британскиот премиер разгледува можност за јавна истрага за активностите на Џефри Епстин во Велика Британија
-

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година
