-->
-->
ЛШ: Лазаров асистент на победничкиот гол на Барса
-->

Ракометарите на Барселона остварија важна победа синоќа на домашен терен против Кил со 26:25. Решавачкиот гол го постигна капитенот Виктор Томас на дваесетина секунди пред крајот на асистенција на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров. Кил водеше во поголемиот дел од натпреварот, а Барселона првото водство го имаше во 50.минута . Најефикасен на дуелот беше Домагој Дувњак со 7 голови, додека кај Барселона Валеро Ривера постигна шест, а Томас 5. Лазаров дуелот го заврши со два гола, а Борко Ристовски остана на клупата бидејќи неговиот колега Гонзало Перез де Варгас беше најдобриот играч на натпреварот.
Македонските екипи на вчерашните дуели остварија победа и пораз. Вардар на домашен терен го совлада Мешков Брест, а Металург загуби на госувањето кај Татран Прешов.
Распоред на натпревари од 2.коло:
А група: Веспрем - Кадетен Шафхаузен 32:28, Барселона – Кил 26:25, Силкеборг – Флензбург (играт денеска), ПСЖ - Висла(играт денеска).
Б група: Вардар - Мешков Брест 31:27, ППД Загреб – ПИК Сегед 24:26, Киелце – Кристијанштад 38:28, РНЛ - Цеље 31:30.
Ц група: Татран Прешов - Металург 27:22, Ла Риоха – Монпеље 31:30, Елверум - Чеховски Медведи (играт денеска).
Д група: Динамо Букурешт – Мотор 35:31, Брага – Холстебро 32:27, Нант – Бешикташ 33:19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
-

Шлепувале „опел“ во кој имало 150 килограми марихуана, тројца скопјани уапсени кај Свети Николе
-

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК
-

Приведени пет лица во село Брвеница, пронајдено оружје и дрога
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
