Лорд Хеселтајн: Брегзит ке и овозможи на Германија да доминира во ЕУ и Европа

Поранешниот британски заменик премиер, сега член на Горниот дом на Парламентот, лорд Хеселтајн, предупреди дека излегувањето на Британија од ЕУ ќе и овозможи на Германија да ја преземе во свои раце судбината на Унијата.
- Германците ја загубија Втората светска војна, но Велика Британија сега им дава можност да извојуваат победа во мирни услови, рече лорд Хеселтајн, во интервју за списанието „Хауз“, забележувајќи дека станува збор за неприфатлива ситуација.
Тој беше во владита на Маргарет Тачер и на нејзиниот наследник Џон Мејџор, од 1992 до 1997 година, кога конзервативците беа поразени од Лабуристичката партија и нивниот лидер Тони Блер.
Неодамна беше сменет од функцијата советник во Владата на премиерот Тереза Меј, затоа што спротивно на барањето на владата, во Горниот дом гласаше за амандманите на опозицијата за законот за Брегзит.
Беше јасно дека во финалната разврска во Парламентот, пратениците ќе ги надгласаат лордовите, па амандманите на лабуристите и либералдемократите нема да станат дел од законот, Меј побара од Хеселтајн да го прекине својот дотогашен советнички ангажман.
Во интервјуто, тој за прв пат јавно реагира на ваквата постапка на Меј кон еден од ветераните на нејзинта ториевска партија, истакнувајќи ја нејзината, како што вели, превртливост.
Според лордот, неразбирливо останува нејзниото однесување да води кампања за останување во ЕУ, пред референдумот од јуни 2016 година, како министер за внатрешни работи, а само неколку недели подоцна, како новопоставен премиер, да го поддржува и да го брани Брегзит.
Хеселтајн вели дека нема да престане да зборува против напуштањето на ЕУ, дури и по цена да ги суспендиаат од членството во партијата.
За него, излегувањето од ЕУ е „спротивно на британските историски национални интереси“, несогласувајќи се со тврдењето на некои ториевски политичари, евроскептици, дека Брегзит нема да и наштети на позицијата на Британија во Европа и во светот.
- Сега Британија нема повеќе да биде мост меѓу САД и Комонвелтот, од една и ЕУ, од друга страна. Американците сега ќе го насочат својот интерес само кон Германија, рече лорд Хеселтајн во интервју за списанието „Хауз“.
Ново на Сител
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
-

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот
