Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Локализиран и целосно е ставен под контрола пожарот што вчера попладне избувна во подножјето на Осоговските Планини во близина на кочанските села Бели и Лешки, а екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани и понатаму работaт на негова целосна елиминација. Отворен за сообраќај е и регионалниот патен правец од Кочани кон Пониква.
Противпожарните единици на Кочани, Виница, Македонска Каменица и Штип, како и механизација на комуналното јавно претпријатие „Водовод“, служби од Полицијата и од „Македонски шуми“ интервенираа непрекинато во текот на ноќта.
Рано утринава општинскиот Кризен штаб одржал координативна средба на местото на противпожарната интервенција, на кој се разгледувале натамошните активности на екипите кои учествуваа во гаснењето.
– Општина Кочани вчера побара налог од Дирекцијата за заштита и спасување за гасење пожарот од воздух, па и покрај неговата локализација, постои можност и за таква интервенција, информираше градоначалникот Николчо Илијев, кој раководи со Штабот за заштита и спасување.
Според првичните информации, опожарена е површина од 100 до 150 хектари, над селото Бели, до браната Гратче и селото Црвена Нива. Огнот зафати борова шума сè до селото Лешки.
За последиците од пожарот, Кризниот штаб ќе информира во текот на денот.
Ново на Сител
-

Студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени
-

АХВ потсетува на законската обврска: Кучињата мора да бидат микрочипирани
-

Николоски: Воведовме 23 нови авиолинии, имаме рекордна бројка на патници
-

Одронот пред патарина во Велес е расчистен, сообраќајот на автопатот Скопје - Велес е нормализиран
-

Законот за минимална плата од 600 евра денеска пред пратениците
-

Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
-

Почна Рамазанскиот пост
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
