-->
-->
Локализиран пожарот во село Латово во Македонски Брод
-->
Локализиран пожарот во село Латово, месност наречена „Лозје“, во Македонски Брод, кој избувна попладнево и нема опасност од негово проширување, известуваат од Центарот за управување со кризи.
Претходно, од ЦУК информираа дека во атарот на село Латово, кај месноста наречена „Лозје“, избил силен пожар, кој се закануваше да ја зафати и шумата над селото. Во гаснењето на пожарот, покрај локалните пожарникари како и вработени во Национални шуми, се приклучи и еден ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер.
- Ер-тракторот имаше исклучително дејство со кое е постигнат голем ефект во гаснењето на пожарот. Тој е локализиран и нема опасност од негово проширување, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
