Локализиран пожарот кај Сплит
Пожарникарите и војниците со зеднички сили спречија големиот пожар крај Сплит да се прошири кон овој хрватскиот туристички град, соопштија денеска локалните власти.

Како што јави ДПА; пожарот меѓу градовите Омиш и Сплит уништи околу 4.500 хектари шума, а при справувањето со стихијата полесно се повредени околу 80 пожарникари,
Огната стихија избувна вчера на 20 различни места места за период од само неколку часа, поради што посотјат сомнежи дека се работи за намерно подметнати пожари.
Во гаснењето на пожарот кој се ширеше кон северните и источните предградија на Сплит учествуваа над 380 пожарникари со 102 противпожарни возила и три авиони-канадери.
Местото на пожарот денеска го посети и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој утрово на вонредна владина седница посочи дека е можно Загреб да побара меѓународна помош за справување со огнената стихија.
Пожарите што изминативе неколку дена беснеат и во Црна Гора, денеска исто така се ставени под контрола. Во справувањето со пожарите Подгорица побара помош и од НАТО.
Поради пожарот кај Тиват вчера беа евакуиранаи и над 100 туристи и локлани жители.
Шумските пожари во летниот период се честа појава на јадранското крајбрежје, а во голем број случаи тие се предизвикани од невнимателноста на туристите. Но, има и такви кои се подметнати со умисла, од страна на шпекуланти со недвижен имот, кои бараат нова земја за изградба.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
