Лишен од слобода жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет

Лишен од слобода бил жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет. Во друг случај, ваташанец испукал два куршуми од гасен пиштол во Кавадарци. За двата настана од вчера, денеска информираа од СВР Велес.
- Вчера во 16:20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.А.(28) од неготинско село, по претходна пријава од неговиот 22-годишен брат, дека во семејниот дом додека имале вербална распарвија, С.А. му се заканувал со остар предмет. С.А. бил задржан во полициска станица, предметот бил одземен и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес.
Оттаму соопштија дека претходно, во 16:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.П.(22) од село Ваташа, кавадаречко.
-На улица „Илинденска“ во Кавадарци, додека се превезувал со патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(22) од Кавадарци, преку прозорецот од возилото испукал два куршума од гасен пиштол. Во возилото бил пронајден и одземен пиштолот и неиспукани куршуми кои ги поседувал без одобрение, а биле пронајдени и подигнати и испуканите чаури. По документирање на настанот, против М.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.
Ново на Сител
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
-

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“
-

По повод 80-тиот роденден на Трамп: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа
-

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
-

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации
