-->
-->
Лига Куп: Стоук го елиминира Челзи
-->

Премиерлигашите Арсенал и Челзи синоќа ги завршија натпреварите во осминафиналето од Лигата купот.
Бранителот на пехарот Челзи е поразен на гостувањето кај Стоук по изведувањето пенали, откако дуелот заврши 1:1.
Домашните поведоа со голот на Џон Волтерс (52.минута), а изедначи Лоик Реми (90). По продолженијата немаше победник, а во последната серија од пеналите не реализираше Еден Азар за победа на Стоук од 5:4 на пенали.
Арсенал загуби со 3:0 на гостувањето кај Шефилд Венсдеј. На уште два дуела синоќа пеналите го решаваа победникот: Евертон – Норвич 1:1 (4:3 на пенали) и Хал – Лестер 1:1 (5:4 на пенали).
Вечерва се играат другите четири осминафинални дуели:
Ливерпул – Бурнемут,
Манчестер Сити – Кристал Палас,
Саутемптон – Астон Вила и
Манчестер Јунајтед – Мидлсбро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
