Лидерите на Западен Балкан на виртуелен самит на Берлинскиот процес
Берлин денеска е виртуелен домаќин на осмиот самит на Берлинскиот процес, на кој една од главните теми ќе биде изградбата на заеднички регионален пазар на Западен Балкан.
На учесниците ќе им се обрати Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.
Комесарот за односи со Западен Балкан при германското Министерство за надворешни работи и поранешна амбасадорка во Албанија Сузана Шиц за Дојче веле изјави дека на самитот ќе се разгледуваат следните чекори за изградба на заеднички регионален пазар договорен од лидерите на Западен Балкан на самитот во ноември 2020 година и се однесува на четири основни слободи: слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, што треба да се постигне до 2024 година.
Шиц додаде дека Советот за регионална соаботка (РКЦ) и Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) се особено ангажирани во спроведувањето на Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар.
Берлинскиот процес почна во 2014 година со цел да се промовира регионалната соработка и со тоа да се забрза приближувањето на земјите од Западен Балкан и ЕУ.
Конкретните резултати се укинување на роаминг давачките во Западен Балкан од 1 јули, проширување на инфраструктурата за транспорт и енергија и нејзино поврзување со коридорите на ЕУ и формирање на Регионална канцеларија за млади (RYCO).
Економскиот и инвестициски план на Европската комисија за Западен Балкан од октомври 2020 година предвидува употреба до девет милијарди евра од Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА III), додека со помош на гаранции дополнителни инвестиции до 20 милијарди ќе се мобилизираат евра од приватниот сектор како и европски и меѓународни финансиски институции.
Ново на Сител
-

За Филипче власта ретерира од забраната за двојно државјанство
-

Сиљановска Давкова бара конструктивност од Радев, Мицкоски потврди - Бугарија уште 2 пати не блокираше
-

„Како ќе контролира рудник, човек кој не може да реши 10 крави“ – Нови тензии меѓу Филипче и Митовски
-

Пекарите идната недела ќе одлучуваат за цената на лебот
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
