Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска Цвета Ристовска. Иако била должна таа не пријавила две компании во сопственост на членови на семејството, а со тоа од партијата велат свесно и намерно прикрила имот. Левица побараа Ристовска кривично да одговара а во комисијата да се направи ревизија на сите предмети кои ги работела.
Колегите од Антикорупциска веќе отворија два предмети за нивната колешка Ристова која не ги пријавила фирмите на своите деца, а еден од овие правни субјекти добивал пари во кампањата за претседателските избори во 2024. Чучул не сакаше да открие детали но најави дека наскоро ќе има одлуки за предметите што се водат за Ристовска, но и за генералниот секретар на Владата Ивица Томовски.
Ристова си поднесе оставка а предметите на кои таа работела ќе бидат распределени на останатите членови во комисијата. Огласот од Собранието за избор на нов член во ДКСК е објавен денеска и ќе трае 30 дена. Кандидатот треба да е државјанин со високо образование, 7 годишно искуство во областа на човековите права, да не извршува партиска функција и да не е осудуван.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
